Се готви нова гарнитура на македонски амбасадори и конзули
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска информираше дека Владата на Република Македонија, на минатата седница ја почнала постапката за именување шефови на поголем број дипломатско - конзуларни претставништва и дипломатската процедура е во тек.
Ѓорѓиев, на денешната прес-конференција, рече, ќе се воздржи од коментари за какви било детали за самата постапка и за одредни податоци, кои, подвлече, би можеле да дадат профил на идните амбасадори или конзули затоа што постапката не се води само во Владата, туку има поврзана надлежност и со Претседателот на Република Македонија.
- Значаен дел од постапката претставува и добивање агремани од страна на земјите во кои што терба идните амбасадори или конзули да ја извршуваат својата функција и согласно дипломатските начела ова би бил одоговорот што во овој момент би можел да го дадам, изјави Ѓорѓиев.
Како што ќе напредува постапката, додаде тој, и кога ќе има повеќе детали благовремено ќе информира.