Се реконструира кровната површина на Зелената зграда во Гевгелија

 

Се реконструира кровната конструкција на зелената зграда во Гевгелија  во која живеат педесетина социјално загрозени семејства.

За ова се погрижија АД за станбен и деловен простор за што се обезбедени 250 илјади денари.

Изведбените работи се веќе почнати, а како што најавуваат од АД за станбен и деловен простор, освен во Гевгелија слични проекти ќе се реализираат и во другите градови од југоисточниот регион со цел да се подобрат условите за живот на социјално загрозени семејства. 

најчитано сега