800 РАБОТНИ МЕСТА: Почнува со работа фабриката на „Ки Сејфти Системс“ во Кичево

 

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ денеска организира свеченост по повод реализацијата на инвестицискиот проект во изградба на фабрика во ТИРЗ Кичево во село Србјани.

Во производствениот капацитет во кој ќе се произведуваат воздушни перничиња за автомобили е најавена инвестиција од 20 милиони евра и 800 работни места.  

„Ки сејфти системс“ е светски лидер во дизајн и производство на автомобилски сигурносни системи. Нивните производи се дел од повеќе од 300 модели автомобили. Компанијата има меѓународна мрежа од 29 продажни и производствени капацитети и 5 главни технички центри лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега