Проектот „Македонија вработува" со голем ефект - вработени над 3.500 лица
Преку проектот „Македонија вработува“ вработени се над 3.500 граѓани во сите општини низ земјава, со што овој проект има голем ефект, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при денешната посета на штипскиот Центар за социјални работи.
- Во Штип преку овој проект досега се имаат вработено 202 лица, што е вистински показател за успешноста на овој проект и токму тука во Општина Штип да се помогне на 202 семејства во период од два и пол месеца за да стигнат побрзо и полесно до работа, да стигнат до егзистенција и до редовно работно место, рече Спасов.
Тој додаде дека токму поради позитивните резултати проектот „Македонија вработува“ ќе продолжи, а ги повика приватните компании да се вклучат во него и да помогнат на невработените лица да дојдат се вработат, а на тој начин ќе и помогнат и на македонската економија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа