Уште утре пекол - во среда намалување на температурата

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува  умерен северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степени, а дневната од  34 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 37 степени. 

Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Од среда до петок во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат за два до три степени пониски од денешните. 

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега