Голем шумски пожар во велешко

Голем пожар беснее во атарот на селата Челошево и Дорутовец, информираат од Противпожарната единица (ППЕ) во Велес. 
 
Пожарот кај нив бил пријавен попладнево во 14 часот и 40 минути кога на терен заминале две екипи со три противпожарни возила на ППЕ, како и екипа на ЈП Подружница Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.
 
Според информацијата од ППЕ тие се уште се на терен и се борат со огнената стихија со која е зафатена поголема површина под бор и чемпрес. 
 
Во гаснење на пожарот веќе се вклучуваат и жителите од овие села, кои се загрижени со пожарот да бидат зафатени и нивните  лозја и ниви со тутун.
 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега