Евидентирање на мигрантите на пункт во близина на границата со Грција

Доколку се проблематизира протокот на мигрантите кон Србија и оваа држава ја затвори својата граница, Република Македонија истото тоа да го стори со границата кон Грција е само еден од заклучоците на попладневниот состанок на локалниот совет за превенција на општина Гевгелија со кој раководеше градоначалникот Иван Франгов.

Покрај ова советот за превенција предложи заради побрз проток на мигрантите кон други држави, регистрацијата и евидентирањето на мигрантите да се врши на полициско-граничен пункт во близина на граничниот камен 59 на границата со Грција, а превозот на мигрантите да се организира од помошниот железнички перон кој се наоѓа на просторот на поранешниот царински терминал во близина на железничката станица во Гевгелија.

Заради заштита на граѓаните од заразни болести, транспортот на мигрантите гевгелискиот совет за превенција предлага да се одвива со специјален, а не со јавен автобуски, железнички или такси превоз.

До Министерството за здравство ќе биде испратен допис со барање да се задолжи Заводот за здравствена заштита да врши редовна дезинфекција на превозните средства, тие да бидат контролирани од санитарен инспектор и доколку не се придржуваат кон оваа мерка да им се одземат лиценците за превоз.

Повод за одржување на состанокот беше заштита на граѓаните од безбедносен, комунален и здравствен аспект од големото присуство на мигранти на територијата на градот и општината Гевгелија.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега