Локализиран пожарот кај Охрид

Шумскиот пожар што попладнево избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бејбунар во непосредна близина на градот Охрид, е локализиран.

Како што беше соопштено од преставниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид, екипи на единицата заедно со припадници на ренџерската служба на НП „Галичица“, на ОО на „Црвен крст“ и на општинските јавни претпријатија остануват на терен се до целосна ликвидација на пожарот, односно до отстранување на жариштата што би можеле да доведат до повторна појава на пламен.

Пожарот избувна некаде околу 13:45 часот, а како причина беа посочени две можности - човечки фактор или дефект на далноводната мрежа.

Попладнето беа регистрирани неколкукратни испади од системот за снабдување со електрична енергија во делови од градот, односно деловите што се снабдуваат со струја од 110-киловолтната трафостаница што се наоѓа во непосредна близина на пожарот.

Претставници на локланата самоуправа предводени од градоначалникот Никола Бакрачески кои пристигнаа на терен соопштија дека примарно е да се работи на нормализација на ситуацијата, а потоа ќе се испитуваат причините за избувнувањето на пожарот.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега