Изгаснати четири и активни три пожари на територијата на Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување врз основа  на добиените податоци од подрачните одделенија за заштита и спасување информира дека во Македонија се активни три и изгаснати четири пожари.

Активен е пожарот во Охрид на периферијата на градот кај трафостаницата 110, во надлежност на НП ,,Галичица” под далновод каде избувнале два пожари. Едниот е од подножјето на планината, а другиот е погоре. Опожарена е сува трева, смрека. На лице место се вработени од НП Галичица, 13 лица  од  ТППЕ со 3 возила, Црвен Крст, вработени од јавните претпријатија од Охрид, 2 лица од ПОЗС Охрид и 1 возило од ПОЗС Струга. Во моментот, како што информираат од Дирекцијата, пожарот е локализиран, но не е изгаснат и ангажираните остануваат на терен. Се очекува во текот на ноќта  пожарот да биде целосно изгаснат.

На територија на општина Велес е активен пожарот кој бил забележан попладнето во околината на село Отовица. Опожарени се 30 хектари површина- пасишта и нискостеблеста шума. На терен се ангажирани ТППЕ Велес со 3 возила со 10 пожарникари, Македонски Шуми со 20 лица. Гасењето на пожарот е во завршна фаза, и се очекува во наредните часови да биде целосно изгаснат.

Во реонот на општина Ранковце има избиено пожар, кој се уште е активен, на локацијата во село Гулинце.  Гори нискостеблеста шума и висока трева. Пожарот е на границата со општина Куманово. Според најновите информации од ПОЗС Крива Паланка и ПОЗС Куманово на терен се ангажирани 3 пожарникари од ТППЕ Ранковце, 4 пожарникари и 1 возило од ТППЕ Старо Нагоричане, 5 лица од општина Ранковце, 5 лица од Македонски Шуми.

Целосно е изгаснат пожарот во  кој изби на пладне на отворен простор во атарот на селото Кундино на м.в. „Кундинска барака“. Од пожарот е зафатена површина од околу 2,5 хектари од кои околу 2 хектари со сува трева и ситни грмушки и околу 0,5 хектари млади пошумени борови садници. Од страна на ТППЕ-Пробиштип е интервенирано со 1 теренско возило и 2-ца пожарникари.  Пожарот во целост е изгаснат во еден час откако бил регистриран.

Изгаснат е и пожар кој избил на територија на општина Ресен во текот на минатата ноќ во атарот на селото Царев Двор на нива со жито на  површина од 1 хектар. Пожарот бил целосно изгаснат во 2 часот по полноќ. Во гаснењето на пожарот учествувале 6 пожарникари со 2 ППВ. 

На потегот на с. Делогожда се  појавил  пожар на отворен простор, кој во текот на денот е локализиран и целосно изгаснат.

ТПП интервенирала на гасење на пожар на запалена трева во населба Баир со едно ПП возило и два пожарникари од 13,00 до 13,45 часот и пожарот е изгаснат.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега