Ќе пука сонце па ќе не разлади дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната до 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала доумерена облачност и со слаб ветер од севрозападен правец.

Утринската температура ќе биде околу 21, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Во охридско преспанскиот регион сончево со попладневна облачност кон крајот на денот и со температура до 33 степени.

Во дојранскиот дел температурата ќе достигне до 38 степени.

Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Од среда до сабота во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега