ФОТО: Ова е хаусмајсторот што за еден ден стана главен инспектор во општина Центар

Од хаусмајстор до главен инспектор во општина Центар. Лицето Кочо Стојчевски дефинитивно влегува во македонската историја како службеник кој успеа одеднаш да скокне десетина скалила во хиерархијата на општината. Градоначлникот на центар, свесно, на еден ден пред Нова Година, кога вниманието на јавноста е насочно кон дрги теми, го потпиша решението со кое му овозможи на партискиот активист Кочо Стојчевски од хаусмајстор да стане главен инспектор. И градоначлникот на центар вчера самиот ја потврди оваа информација коментирајќи дека тука нема нитш незаконско. Сепак, новиот закон за Државна администрација вели дека напредувањето за повеќе од 2 скалила одеднаш е спротивно на Законот. 

Вработените во општина Центар кој од страв за работното место инсистираат на анинимност велат дека случајот „хаусмајстор за инспектор“ не е единствен во општината. Тие коментираат дека многумина партиски активисти на опозицијата одеднаш напредувале по повеќе скалила. Во замена за напредувањето, тие ги вршат валканите работи за опозицијата, говорат на партиските собири и обезбедуваат логистика. 

Наместо да го спроведуваат законот, тие спроведуваат партиски директиви“ - вели еден вработен во општина центар кој инсистира на анонимност. 


И Европската Унија во својот извештај наведе дека е потребна професионална и деполитизирана админситрација, што е сосема спротивно со она што го прават СДСМ и Жерновски во единиците на локалната самоуправа каде што ја имаат власта. Јавноста со право се прашува, што би правеле СДСМ кога би ја имале централната власт, ако се знае дека локалната веќе ја преполнија со партиски кадри кои покрај тоа што незаконски напредуваат, под знак прашалник е и колку се професионално подготвени да одговорат на потребите на граѓаните.

Граѓаните на општина Центар се прашуваат, како може хаусмајстор да ја води инспекцијата каде е потребно добро познавање на законите.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега