ВИДЕО: Латас распали - СДСМ нема право да зборува за злоупотреба, корупција, местенки и криминал

Главниот уредник на Сител Драган Павловиќ Латас распали по Шеќеринска и останатите функционери на СДСМ во вечерашните вести на телевизијата.

„Заев, Шилегов и Шеќеринска, вие немате право да зборувате за злоупотреба, корупција, местенки и криминал. Вие сте творци на овие појави во Македонија, а посебно злоупотребата на деца и семејства за валкани цели во политиката“, порача Латас во вечерашните вести на Сител.

Веќе на сите им е јасно дека СДСМ нема право да зборува за вистинските вредности и за грижата кон луѓето, бидејќи нивното раководство се става во одбрана на ќерката на Зоран Заев која се фотографира во костим за капење по луксузни јахти, а од друга страна ги понижуваат децата на Сашо Мијалков, на Трајко Вељановски, на Драган Павловиќ Латас и на многу други.

Погледнете што им порача Латас на функционерите на СДСМ:

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега