Пеце Ристевски: Во наредниот период ќе имаме многу топли лета

Температурите кои деновиве ја зафатија Македонија ниту се највиско измерени, ниту пак ќе бидат највисоки температури во иднина. Експертот по климатологија и применета метерологија, д-р. Пеце Ристевски, вели дека највисоката температура во Македонија е измерена на 24  јули 2007 година во Демир Капија, кога живата во термометарот достигнала 45.7 . С (целзиусови степени).

- Во наредниот период ќе имаме се подолги и поизразени температури во текот на летото. Досега се направени три извештаи, 2003, 2008 и 2013. Тие извештаи покажуваат дека во наредниот период ќе имаме многу по топли лета со изразени високи температури и понепредвидливи зими, вели Ристевски во интервјуто за Прес 24.

Тој смета дека научната фела, особено медицинарите, треба да направат ревизија на критериумите по кои се одредуваат предупредувачките, т.м. жолта, портокалова и црвана фаза, од кои зависат и мерките кои се носат за заштита на жизичните групи граѓани. Според сегашните параметри за прогласување црвена фаза потребно е да бидат измерени 45 .С, но реално вели Ристевски топлината која ја чувствиваат граѓаните е посилна и на пониски темератри.

- Тоа треба да го кажат медицинарите. И да се дефинираат други критериуми за урбаните средини. Еве на пример температурата како деновиве може да биде 37 или 38 .С, но не е само температурата параметар за чувството на топлина. Важни се и влажноста и ветрот. И секако сончевото зрачење. Не е само температурата измерена во сенка, многу параметри влијаат -средината, асфалтот, возилата... И затоа медицинарите треба да дефинираат кои се засегнатите граѓани. Кои се тие, за да се прецизираат, вели Ристевски.

Според него главната причина за промена на климата е човековото загадување на природата. Како искусен експерт, доктор по Киматологија, тврди дека т.н. ХАРП системи немаат повразност со временските услови, бидејќи тие се фокусирани за јоносверата.

-Сите процеси што се случуваат поврзани со климата се на височини до 10 до 12 километри. Во тропосверата. Останатите свери што постијат околу земјата на 60 километри висоичина немаат влијание. Харповите се користат за тие свери, за јоносверата. Може да има некакво влијание  кај ултравиолетовото зрачење, ама кај озонот. Тој е од 25 до 40 километри височина, вели едеин од ретките експерти од оваа проблематика во Македонија, во интервјуто за Прес24.

Анализите веки тој покажуваат дека Македонија влегува во ризичните подрачја кои можат да бидат погодени од природни катастрофи, кои пак можат да се превенираат ако имаме функционални набљудувачки центри. Затоа Ристески апелира инвестициите да се насочат и кон УХМР.

-Потребно е купување на нов радар. Овие радари кои се набавени се веќе 30 години стари. Особено тој на Ѓуриште, американскиот, кој веќе е целосно застарен. Требаше да се набави и уште еден радар над Демир Капија на Пожар, вели во интервјуто за Прес24, д-р Пеце Ристевски.

Тој ја објаснува и причината поради која регионот изминатава година беше погоден со силни дождови.

 

ПРЕС24: Македонија деновиве се соочува со изразито топли денови, особено во градските средини. Како и секое лето, така и ова, многумина велат дека секое лето е се потопло. Можеме ли да констатираме такво нешто? И има ли во историјата на метерологијата измерени и повисоки температури?

РИСТЕВСКИ: Едно се екцесните високи или ниски температури, но перманентно долгиот период со високи температури и согласно конвенцијата за климатски промени, односно стратегиите кои што ги имаме, во наредниот период ќе имаме се подолги и поизразени температури во текот на летото. Досега се направени три извештаи, 2003, 2008 и 2013. Македонија како потписник на конвецијата е задолжена да прави извештаи во чија изработка се вклучени одредени експерти.

ПРЕС24: Што покажуваат тие извештаи?

РИСТЕВСКИ:  Тие извештаи покажуваат дека во наредниот период ќе имаме многу по топли лета со изразени високи температури и понепредвидливи зими.

ПРЕС24: Дали се какатеристични ваквите високи температури?

РИСТЕВСКИ: Сега не се толку карактеристични. Во 2007 гадина, 2012 година, 1998 година имавме многу повисоки темератури. На пример 24 јули 2007 година измерена е температура од 45,7 .С во Демир Капија и 45.3 .С во Гевгелија.

ПРЕС24: Во сенка?

РИСТЕВСКИ: Да во сенка. По стандарди.

ПРЕС24: Дали се тоа највисоки измерени температури некогаш во Макдонија?

РИСТЕВСКИ: Да.Највисоки во Македонија од 1925 година наваму. Значи се работи за топлотен бран кој перманентно се шири и влијае на целиот Балкан. Се работи за антициклонална состојба. Висок воздушен притисок кој не ги “пушта” воздушните маси кои директно одат кон Атлантскиот океан.

ПРЕС24:На што се должи ваквата климатска состојба? Кои се предиспозициите за топло лето? Дали тие зависат и од останатите годишни времиња, на пример од количината на врнежи во зима? Или пак можеби од структуираноста на градските средини, градбите?

РИСТЕВСКИ: Тоа е една компонента. Значи градските средини имаат свое влијание, но тоа е ограничено. Овде се работи за целокупната “машинерија” на атмосверата потпомогната со човековиот фактор. Ефектот на стаклена градина.Неконтролираното користење на фосилни горива, имаме зголемено количество на СО2, водена пареа... Перманентно се зголемува количеството на СО2 во воздухот.

ПРЕС24:  Што значи тоа зголемување?

РИСТЕВСКИ: Се зголемуваат количествата на честиците кои го носат ефектот на стаклената градина. И тоа е најголемата грижа на меѓународната заедница. Како да се зауздаат елементите на стаклената градина. Борбата е да се ограничат количествата на овие честици.

ПРЕС24: Она што сепак е некоја нова реалност е што во Македонија со години веќе како да исчезнуваат есента и пролетта. Од јаки зими некако многу бргу влегуваме во екстремно топли лета?

РИСТЕВСКИ: Се е врзано со општата атмосверска циркулација. Главна причина за Европа е Северно атланска осцилација. Ако циклоните одат нормало, долж голфска струја, тие се нормална појава. А, ако влезат во Медитеранот тогаш има осцилации. Има позитивна и негативна северно атланска осцилација.

ПРЕС24: Меѓутоа зошто се губат класичната есен и пролет?

РИСТЕВСКИ:  Нема објаснување. Природна појава. Движењето на циколните е основната причина. Тие носат големи количини влга. Природата практично во последно време е многу немирна. Јас тоа го нарекувам еден вид климатска дисхармонија.

ПРЕС24: Кои се главните виновници за климатските промени?

РИСТЕВСКИ: Човекот!. Човекот со елементите на стаклената градина. Енергетиката е прва, затоа и се бараат нови обновливи енергии. Новите обновливи извори на енергија се излезот од кризата. Затоа е и проектот на Европа 20:20. До 2020 година 20 процети да бидат нови обновливи енергетски извори и намалување на ефектот на стаклената градина.

ПРЕС24: Да се вратиме пак на температурата. Има ли некакви официјанио податоци за тоа за колку степени е зголемена просечната температура во лето изминативе 50-тина и повеќе години?

РИСТЕВСКИ:  На светско ниво 0.74.С

ПРЕС24: И како таа ќе се движи во иднина?

РИСТЕВСКИ: Зависи. Има над 20 сценарија. Проценките согласно сценаријата се различни. Светската метеролошка организација го даде поттикот уште на првата светска конференција за клима во 1978 година.

ПРЕС24:  Ве прашувам затоа што во медиумите во светот се лицитира дека до 2100 година просечната температура би можела да се искачи околу 50 .С?

РИСТЕВСКИ: Не.. Не се анализира колку температурата ќе се крене на ударните точки. Туку на средните вредности. Ако меѓународната заедница биде раскалашена, можно е просечната температура да се покачи и за 5 .С. А, ако се оди по концептот за зауздување на ефектите од стаклента градина, ќе се покачи за 2.С. Тоа е и целта да се дојде до 2 .С.

ПРЕС24: И сега се враќаме на моментот, на она шти директно ги засега граѓаните. Како се одредуваат и по кои критеруми предупредувачките фази?

РИСТЕВСКИ: Ние имаме одредени критериуми кои ги имаме дефинирано како одговор на барањеата на Европа. Меѓутоа, според мене овие критериуми се превисоки.

ПРЕС24: Што значи тоа превисоки?

РИСТЕВСКИ: Па ние имаме еднаш во 80 години измерено темература од 46 .С, а овде во критеримуте пишува дека црвена фаза е од 45 .С

ПРЕС24: Мислите дека треба да бидат намалени границите?

РИСТЕВСКИ:  Тоа треба да го кажат медицинарите. И да се дефинираат други критериуми за урбаните средини. Еве на пример температурата како деновиве може да биде 37 или 38 .С, но не е само температурата параметар за чувството на топлина. Важни се и влажноста и ветрот. И секако сончевото зрачење. Не е само температурата измерена во сенка, многу параметри влијаат -средината, асфалтот, возилата... И затоа медицинарите треба да дефинираат кои се засегнатите граѓани. Кои се тие, за да се прецизираат.

ПРЕС24: Господине Ристевски многупати во медиумите и овде и во странство, се зборува за директно човечко влијание врз климата. Покрај индиректното, преку разни начини на несовесно однесување, медиумите пишуваат и за разни лабараториски ексерименти. Се споменува системите ХАРП, па потоа се сеќавете, пред некоја година се пишуваше за некаков пластичен снег што ја зафати Америка. Колку овие информации се во рамки на реалноста, а колку во делот на теориите на заговор?

РИСТЕВСКИ:  Не... тоа многу зависи од неукоста на некои кои секогаш се појавуваат во јавноста за медиумски публицитет. Најважно е што кажува науката, а не шпекулациите.

ПРЕС24:  Но како на јавноста да и се објасни вистината за таквите шпекулации?

РИСТЕВСКИ: Сите процеси што се случуваат поврзани со климата се на височини до 10 до 12 километри. Во тропосверата. Останатите свери што постијат околу земјата на 60 километри висоичина немаат влијание. Харповите се користат за тие свери, за јоносверата. Може да има некакво влијание  кај ултравиолетовото зрачење, ама кај озонот. Тој е од 25 до 40 километри височина.

ПРЕС24: Како тогаш да се објаснат наглите временски промени. Она што исто така е симптоматично се неколкуте врнежи што зимава и пролетва го зафатија регионот. После секој дожд беа забележани поплави и во Македонија и во Србија, Бугарија, Хрватска... како тоа да се објасни, со оглед на тоа дека јавноста памети дождови, но ретко такви поплави?

РИСТЕВСКИ: За тоа веќе зборувавме. Тоа е поради циклоните кои доаѓаат од Медитеранот. Ние бевме загрозени од медитерански циклони. Изворот е зад Алпите каде се формира циклон и движејќи се кон Балканскиот Полуостров носеа интензивни дождови со големи количества што нашиве реки не можеа да го прифатат. Имаше и до 100 милиметри. Кај нас со 30 милиметри треба да бидеме во подготвена состојба. Сме имале ние на 1 и 2 август 1957 година во Битола 100 милиметри дожд. Тоа е еден од македонските рекорди. Реката Драгор беше преполна. Така што секогаш можеме да очекуваме такви дождови.

ПРЕС24: Искуството од овие поплави во соседните држави покажа слаба функционалност на државните институции. Може ли да се превенираат природните непогоди со цел да не се претворат во национални трагедии?

РИСТЕВСКИ: Значи постојат стратегии. Нашата држава има стратегија за природни непогоди. Постојат тела како ЦУК, комитети, каде се вклучени сите. И природните непогоди можат да се превенираат, но тука треба да ја форсираме и Управата за метеролошки работи. Мислам дека нејзе несоодветно внимание и се посветува. Превенцијата на катастрофите е вразана и со развојот и функционирањето на набљудувачките системи. Треба поголеми финансии. Базни нумерички станици и таа институција треба да се почитува.

ПРЕС24: Значи неопходни се инвестиции во овој сектор?

РИСТЕСКИ: Да. Иневстиции. Потребно е купување на нов радар. Овие радари кои се набавени се веќе 30 години стари. Особено тој на Ѓуриште, американскиот, кој веќе е целосно застарен. Требаше да се набави и уште еден радар над Демир Капија на Пожар.

ПРЕС24:   Општо земено бројот на природни катастрофи на светско ниво бележи пораст.  По логиката на нештата прашањето би  било дали човекот ја губи битката со природата?

РИСТЕВСКИ: Да. Ја губи. Но, почнува да се брани. Затоа се тие конвенции, декларации за намалување на количествата на стаклената градина.

ПРЕС24: Влегува ли Македонија во ризичните поддрчја кои можат да бидат погодени од силни природни катастрофи?

РИСТЕВСКИ: Апсолутно. Со овие карактеристики што сега ги имаме, да. Велгува.

ПРЕС24: Вие сте еден од ретките научници во Македонија од оваа проблематика. Сакам да Ве прашам, дали Македонија посветува доволно грижа за превенција од вакви природни катастрофи. Колку држават е подготвена соодветно и да одговори?

РИСТЕВСКИ: Подготвена е во смисла на имплементација на одредбите од Европската Унија, но сметам дека кон метерологијата недостасува соодветно внимание. И секако кон набљудувачкиот систем. Неопходно е да се мерат параметрите, да се утврдуваат набљудувачките системи.

ПРЕС24: Има ли државата во минатото направено грешки, на пример во поставеност на градски средини. Попречување на ветрови...

РИСТЕВСКИ:  Има... На пример ние во 1978 година направивме елаборат за метеролошки климатски услови за развој на Скопје. Кај ќе се движи, Аеродром 1 и 2. Согласно тоа се покажа дека развојот на градот Скопје кон ниските средини е една од големите грешки. На пример стар Аеродром каде што беше аеродромот и каде се вршеа мерењата покажа дека годишно има 81 ден со магла. Значи тоа е повеќе од два ипол месеци со магла.

 Добар пример пак беше развојот на градот Битола. Наместо кон низинските делови, тој се развиваше кон ловчанскиот регион, каде беше повисоко, посончево.

Понатаму кардинални грешки се изборот на топилницата во Велес. Одредени “експерти” кои не знаеле ниту да ја прочитаат ружата на ветровите мислеле дека од југ кон север ќе одат ветровите, а не од Башино село кон градот. Исто е и со Рафинеријата. При изработката ја користеле ружата на ветровите од стар Аеродром и мислеле дека загадувачките материи ќе одат во брдата таму западно, а не од северо-исток кон скопската котлина.

Значи треба премногу да се мисли при изградбата на објекти од капитално значење. На пример еве Мустафино е корисен пример, каде пред да се изгради на аеродромот кај Штип, се прават умни стратегии за истражување за да не се направат грешки.

 

Потребни се многу следења во кои треба да биде вклучена УХМР. Треба и да се отвори прашањето дали УХМР треба да биде како државно тело, а не под некое министерство.

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега