Кумановчани во паника: Ќерката на познат бизнисмен четири месеци војува за џихадистите

Ќерката на познатиот бизнисмен од Куманово Африм Кадриу, веќе неколку месеци војува заедно со џихадистите од Исламската Држава.

Осумнаесетгодишната девојка се наоѓа во некоја од земјите на Блискиот исток, најверојатно во Ирак, и војува за терористичката група Исламска Држава на Ирак и Сирија, пренесува Порталб.

Кумановчанката Ж.К. три дена пред нејзиното заминување, почетокот на месец март оваа година, не се појавила на училиште и поради отсуството, училиштето ги контактирало нејзините родители. За жал, по четири месеци, се дознало точното место каде престојува, па семејството се обидувало преку посредници да ја врати назад, но неуспешно. Пред да замине девојката, како што изјавил брат и, била многу нервозна, а во нејзиниот лаптоп пронашол видеа од џихадистите, каде се изживуваат на луѓе.

Семејството и пријателите стравуваат дека тинејџерката е присилена да оди во ИД, бидејќи не веруваат дека таа самостојно би направила нешто такво.

„Се уште не можам да си поверувам. Безмалу секој ден очекувам дека ќе затропа на вратата и ќе се извини за тоа што го направи“, изјави бизнисменот, кој ја смета ќерка си за паметна и вредна девојка.

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега