Пукање во Куманово: Убиен функционер на ДУИ - двајца повредени

Едно лице е убиено а уште две се повредени, од кои едно потешко, во престрелка која попладнево околу 16 часот се случила во Куманово, дознава Пресс24 од полициски извори. Според информациите убиен е Џемаил Реџепи познат како командант Шкипоња. Еден од повредените поради сериозноста на повредите е префрлен на клиниките во Скопје. Од МВР го потврдуваат случајот и информираат дека се трага по автомобил марка Мерцедес.

Неофицијално, албанските медиуми шпекулираат дека се работи за пресметка помеѓу поранешниот и сегашниот претседател на огранокот на ДУИ во Куманово.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега