Командант Шипоња од УЧК ликвидиран од автомобил во движење во Куманово

Во нападот се ранети уште две лица кои седеле со него во кафуле. Според инфромациите на "Вечер" можен мотив за ликвидацијата е одмазда бидејќи токму Реџепи, но и потпретседателот на ДУИ, Садула Дураку, пред неколку дена беа остро нападнати од Мухамед Красниќи - "Командант Малишева"еден од заробените во акцијата во Диво Насеље кој ги нарече "измамници и ајдуци".

Станува збор за Џемаил Реџепи, познат како “Командант Шипоња“.

Убиството се случило околу 16 часот во кумановската населба Бедиње каде Реџепи седел со неговиот братучед Шефки Реџепи и Гани Демири. Според првичните информации до кафулето се доближил “мерцедес“ со зелена боја во кој биле напаѓачите. Од прозорец додека автомбоилот бил во движење почнале рафалите кон масата на кој седел Реџепи, пишува Вечер.

Тој бил погоден со неколку куршуми и починал на самото место додека неговиот братучед Шефки и Демири биле ранети. Тие се пренесени во скопскиот Клинички центар и засега нема информации околу нивната состојба.

Џемаил Реџепи алијас “Командант Шипоња“ е член на ДУИ и кандидат за претседател на локалниот огранок на партијата од Липково и противник на Бајрам Лимани кој беше именуван за претседател директно од Мала Речица, односно од лидерот Али Ахмети. Неговиот избор предизвика револт кај локалното членство и затоа веќе три месеци не можат да се одржат внатрепартиски избори.

Според неофицијални информации тој во кафулето во кое е ликвидиран требало да се сретне токму со Лимани.

Инаку  тој е учесник во воениот конфликт во 2001 година и бил инструктор во 113 бригада.

Според инфромациите со кои располага “Вечер“ како можен мотив за ликвидацијата е одмазда  бидејќи токму Реџепи, но и потпретседателот на ДУИ, Садула Дураку, пред неколку дена беа остро нападнати од Мухамед Красниќи - “Командант Малишева“ кој беше заробен во акцијата во Диво Насеље. Тој во неколку објави на социјалните мрежи ги нарече Реџепи и Дураку “измамници и ајдуци“ а ликвидацијата најверојатно ја извршиле лица блиски до разбиената терористичка група. Јавна тајна е дека неколку дена пред нападот на карулата кај Гошинце, во домот на Дураку во Липково дошле неколку членови на терористичката група кои му се закнувале со ликвидација.   

Ова засега не го потврдува МВР бидејќи нема осомничени лица.

Шефки Реџепи пак кон крајот на април годинава беше уапсен заедно со својот брат Реџеп Реџепи откако во нивните семеји куќи беше најдено поголемо количество динамит.

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега