Трагедија во скопско Ново село: Младо момче прегазено од воз

Железничка несреќа во која едно лице го загуби животот се случи пред малку во скопско Ново село, пренесе Курир.

Според информациите, товарен воз кој сообраќал на релација граничен премин Долно Блаце-Трубарево удрил во машко лице кое од здобиените повреди починало на лице место.

Првично и неофицијално лицето чиј идентитет се уште не е утврден, е на возраст од 25-30 години.

На терен се полициски екипи кои вршат увид, а железничкиот и патниот сообраќај се во прекин.

 
 
 
 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега