ФОТО: Невозвратена љубов причина за самоубиството на младото момче

Младо момче, на возраст од околу 23 години, одлучило да си го одземе животот фрлајќи се под воз.

Според неофицијални информации, причината за самоубиството е невозвратена љубов. Очевидците тврдат дека момчето пред да застане на пругата се прекрстило.

Страшната железничка несреќа се случи вечерва околу 20.00 часот.

Од полицијата ја потврдуваат несреќата, но повеќе детали најавуваат откако ќе заврши увидот на местото, којшто, како што може да се забележи и од фотографиите сеуште е во тек.

Инаку, дел од медиумите веќе пишуваа дека за оваа трагична железничка несреќа, најверојатно станува збор за самоубиство, но конечни одговори ќе даде истрагата на МВР.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 01:02
Фото: 
Нетпрес

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега