Коњаниците спремни да тргнат од Крушево - Илинденски марш во понеделник

„Илинденскиот марш 2015“ ќе стартува на 27-ми јули во 17 часот од паркот Јане Сандански во Општина Аеродром, која е традиционално покровител на коњичкиот марш, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, се очекува на коњаниците да им го предаде општинското знаме, со што официјално стартува 37-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Коњаниците придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игрaорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред свеченото испраќање на храбрите коњаници од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.

Пред испраќањето на илинденците ќе се организира свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.

Во испраќањето на коњаниците кон Крушево, ќе се вклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега