„24сата.хр“: Историски богатото Скопје ве повикува да го посетите

Хрватскиот портал „24сата“ во својата рубрика посветена на патувањата, на читателите им го предлага Скопје како туристичка дестинација која треба да ја посетат.

Порталот пишува дека во историски богатото Скопје, со лесна прошетка низ центарот на градот може да се премине Камениот мост и да се посети Музејот на македонската борба, како и Меморијалниот центар Мајка Тереза.

Дел од местата кои хрватскиот портал ги предлага за да се посетата во Скопје се тврдината на Кале, Милениумскиот крст, црквата „Св. Спас“ и многу други.

Државниот завод за статистика претходно објави дека со периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3%.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега