Се заканувале со пиштол - маскирани лица се обиделе да извршат разбојништво во Куманово
Две маскирани лица, утринава околу 4 часот, се обиделе да извршат разбојништво над вработена во бензиската пумпа „Твинс Петрол“ во Куманово.
Разбојниците влегле во бензиската пумпа која се наоѓа на ул.„11-ти Октомври“ бб, во кругот на Железничката станица, па едниот од нив извадил пиштол, и и се заканувал на вработената. Бидејќи во таа бензиска пумпа веќе неколку пати се има извршено разбојништво, полициски службеници од ПС-Куманово биле во заседа, при што во моментот кога ги забележале сторителите, ги предупредиле да се предадат.
Еден од разбониците, кој бил со пиштолот во раката, се свртел кон полициските службеници, кои во тој момент испукале неколку куршуми, најпрво, во воздух, а потоа пукале и кон разбојниците.
Двајцата сторители се обиделе да избегаат, едниот од нив од здобиените повреди паднал, а другиот успеал да побегне.
По извршениот разговор со повредениот сторител, констатирано е дека се работи за Б.Х.(19) од с.Синѓелиќ.
Вториот сторител побегнал од местото на настанот со ПМВ. По укажаната лекарска помош во МЦ-Куманово, Б.Х. бил пренесен во КЦ-Скопје. Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа при што бил пронајден и подигнат за
вештачење еден пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа