Панов: Покажавме како со дела се сака Кавадарци

Во изминатиот период покажавме како со дела се сака Кавадарци.

Заедно со Владата на РМ реализиравме мноху дела кои значеа задоволување на егзистенционални и цивилизациски потреби на кавадарчани кои имаа една цел – Кавадарци за сите! Водени од овој врвен идеал и добиената доверба за периодот 2013-2017, продолжуваме со новите дела за Кавадарци.

За тоа дека сме посветени кон новите проекти, уште од првиот ден на новиот мандат, повторно зборуваат делата како:

-Нов кружен тек на влезот од градот.

-Комплетна реконструкција на водовот, канализација и атмосферска канализација на ул. Охридска и сите споредни улици.

-Отпочнување со комплетна замена на цементно-азбесните цефки преку проект финансиран од KFW банка во висина од 700 000 евра.

-Со помош на Владата на РМ се продолжи со реализација на реконструирање и проширување на регионалниот пат кон Мушов гроб и патот Ладно долче-Страгово-Крњево.

-Отпочнавме и ќе продолжиме со реализација на катната гаража.

-Со помош на Светска банка реализиравме проект за термо фасади и ПВЦ-столарија за 9 воспитно-образовни институции и градинки во вредност од 21 000 000 денари.

Набавивме уште едно мало возило за износ на смет од тесните улици во градот.

-Направивме нов музеј за градот.

-Го ставивме во функција одморалиштето во Михајлово.

-Изработен е споменик во чест на жртвите од Тиквешкото востание од 1913 итн.

За тоа дека нашето работење е со несмален интензитет и континуитет зборуваат и новите проекти кои заедно со Владата ќе ги сработиме во склад со ветените рокови. Тука се проектите како:

-Продолжување на реконструкцијата на патот од с. Ресава-с.Бетниште
-Инсталирање на 5 системи за автоматско хлорирање на водата за с.Бојанчиште, с. Куманичево, Конопиште, Д. Бошава, Крњево и с. Страгово.
-Изработка на проект за реконструкција на патот Кавадарци-Дисан и Сопот-Манастирец.

-Продолжување на колекторот до с. Глишиќ, односно до крајната дестинација во должина од 700 метри.
-Доасфалтирање на патот до с. Фариш.
-Отпочнување на постапката за деловно трговски центар на локацијата на градскиот пазар.

 

Овие и уште многу други дела ќе зборуваат за нашиот однос и нашата љубов кон Кавадарци.

(Интегрален текст од прес-конференција на Александар Панов, градоначалник на Општина Кавадарци)

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk

најчитано сега