Средба на Канческа-Милевска и австрискиот амбасадор Томас Михаел Баер

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Томас Михаел Баер.

- На средбата, двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија и Република Австрија имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. Канческа-Милевска се заблагодари за поддршката што Амбасадата на Австрија во нашата земја ја дава за културата и изрази уверување дека македонско-австриското партнерство и понатаму ќе претставува инспиративен пример за успешна соработка во полза на културата и нејзините вредности, информира Министерството за култура. 

Канческа-Милевска потсети дека досегашната соработка со Република Австрија е на одлично ниво со континуирано претставување на македонските културни вредности во оваа земја, но значаен е и бројот на содржините со кои австриската култура се претставува во Република Македонија.

- Таа нагласи дека на особен прием кај австриската публика наидоа културните содржини кои беа презентирани во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“ која минатата година се одржа по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Настапот на современата балетска претстава „14 часа“ во преполната сала на театарот „Одеон“ во Виена беше поздравен со бурен аплауз и овации, а особен интерес имаше и за претставата „2012 - Последните Македонци“ во изведба на актерите од Драмскиот театар, како и за изложбата на Музејот на современата уметност со дела од македонски уметници., соопшти Министерството.

Тие разговараа и за можноста за продлабочување на соработката во областа на културата меѓу двете земји, како и за реализација на копродукциски проекти меѓу институциите од областа на културата во двете земји. Канческа-Милевска информираше дека е голем бројот на уметниците кои во континуитет се претставуваат на домашните реномирани фестивали, како Мајски оперски вечери, Охридско лето и Струшки вечери на поезијата.

- Исто така, беше нагласена и одличната соработка што двете земји ја негуваат со реномираната пијанистка и амбасадор на културата во Австрија, Елена Мисиркова, со чија поддршка се реализираат голем број културни содржини во Виена. Амбасадорот Томас Михаел Баер ги нагласи и настаните преку кои австриската куѕѕлтура се промовира во Република Македонија, како што се организирањето на Виенскиот бал, како и повеќето ликовни и музички претставувања на уметници од Австрија, стои во сопштението на Министерството за култура.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега