Пекол од рано наутро: Оваа недела ќе биде најтопла

Времето  во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер со променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервалот од 14 до 23, највисоката дневна од 34 до 39 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура околу 18, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Потоа до петок следува стабилно суво и многу топло време, температурите на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени. Утре прогнозираните дневни температури  во источните делови од земјава, влегуваат во жолта фаза на предупредување од високи температури од метео алармот кој е воспоставен од УХМР.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега