Повисоки плати, пензии и социјална помош - рипна стандардот и се раздвижи економијата
Зголемување на постојаната парична помош, социјалната помош, пензиите, минималната плата, платите на јавната и државната администрација. Ова се дел од позитивните ефекти врз голем дел од населението во земјава, од 2006 па досега.Зголемувањата се во период кога во повеќето земји имаше намалување на платите, пензиите, а некаде дури и намалување на социјалната помош како резултат на европската должничка криза. Поради ветувањето и соодветното управување со Буцетот Владата овозможи реализација на ветувањата, а со тоа и подобрување на стандардот на граѓаните, пишува Лидер.
Зголемување на постојана парична помош
Постојаната парична помош во просек од 2006 година до 2015 година се зголеми за 60,5%. Во 2006 години постојаната парична помош во просек изнесуваше 3.695 денари, со зголемување од 10% во јули 2015 година , постојаната парична помош изнесува 5.931 денари. За реализација на ова зголемување за 12 месеци се издвоени 31 400 000 денари.
Зголемување на социјалната парична помош
Социјалната парична помош во просек од 2006 година до 2015 година се зголеми за 61,8 % Во 2006 години социјалната парична помош во просек изнесуваше 2900 денари, со зголемување од 10% во јули 2015 година , социјалната парична помош изнесува 4692 денари. За реализација на ова зголемување за 12 месеци се издвоени 105 милиони денари.
Пензиите во просек се зголемени за 62%, ќе продолжат да се зголемуваат и годинава
Просечната пензија од 2006 до 2014 година се зголеми за 62 %. Од 7.683 денари во 2006 година на 12.445 денари во 2014 година. Пензиите ќе продолжат да се зголемуваат и оваа година, со измените на законот за ПИОМ се дефинира покачување на пензиите од септемвриската пензија која ќе се исплати во октомври 2015 година, при што во буџетот за 2015 година предвидени се финансиски импликации за покачување на пензиите од 5%.
“Со други зборови, додека во опкружувањето се намалуваат пензиите, кај нас растат. За пензионерите тоа значи многу бидејќи тие издржуваат една до две генерации. Што е поголема пензијата тоа е подобро за нив и што е поголем бројот на вработувањето тоа значи многу бидејќи на тој начин повеќе пари ќе остануваат за пензискиот живот. Ако се вработи човек автоматски тој остава повеќе пари во семејството, за животот на пензионерите и поголеми средства и за пензискиот фонд и за здравствениот фонд, вели Драги Аргировски, претседател на Сојуз на пензионери на Р. М
Со ова усогласување на пензиите корисниците на пензија ќе добијат зголемување за околу 630,00 и тоа со исплата на пензијата за септември на почетокот на октомври 2015 година.
Зголемување на минимална плата
Утврдувањето на минималната плата претставува еден од елементите на политиката чија цел е намалување на сиромаштијата и задоволување на основните потреби на сите работници и нивните семејства За прв пат започна да се применува со исплатата на законски гарантирана минимална плата од 2012 година, утврден е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормален учинок. Висината на минималната плата за 2012 година изнесуваше 8050,00 денари во нето износ, а истиот износ се однесуваше и за 2013 година.
“Со подобрување на животниот стандард, задоволството и сигурноста на работниците, ќе се зголеми и продуктивноста на истите, а со самото тоа и одржливоста на фирмите на долг рок. Како работодавачи мораме да градиме политика која ќе ги задржи нашите квалитетни работници во нашите компании и ќе остави порака дека во Македонија секако, и покрај напорите да привлечеме повеќе инвеститори, нема ниско платена неквалификувана работна сила. Текстилците и кожарите минималецот ќе го зголемуваат етапно, и очекуваме новата мерка да стимулира поголема понуда на работна сила , што сега е проблем во овие ниско платени сектори“ изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација,
Со измените кои беа извршени во Законот за минимална плата во 2014 година, се утврди износ на минимална плата во висина од 8800,00 денари во нето износ за 2014 година, 9.590,00 денари за 2015 година и 10.080,00 денари за 2016 година. Во дејностите кои се трудо интензивни, производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, исто така ќе има зголемување на минималната плата од 1 јануари 2015 изнесува 8.050 денари, за 2016 година 9.000 денари, за 2017 година 9.590 денари и за 2018 година 10.080 денари.
Зголемување на платите продолжува и во иднина
Во 2007 година за 10 проценти е зголемена платата во јавниот сектор, во 2008 година за 10 проценти, во 2014 година за 4 проценти. Од 2006-та наваму, статистиката покажува дека платите на вработените во администрацијата се зголемени за повеќе од 27%. Станува збор за покачување на платите кое се случуваше во неколку наврати изминатите години а последното покачување беше во октомври 2014 година кога последен пат се покачи платата за 4%. Експертите сметаат дека со зголемувањето на платите и пензиите, дополнително ќе се раздвижи економијата, бидејќи тоа ќе претставува стимул за зголемување на потрошувачката.
„Секое зголемување на платата значи поголема мотивација, поголема мотивираност. Парите се најголема мотивација, па оттаму овде имаме една поддршка и поттик за еден слој од општеството кој е многу значаен. Мора да имаме предвид дека се напуштаат оние сфаќања дека администрацијата е бирократизиран дел кој нема функција туку дека е терет во општеството, современите трендови докажуваат дека администрацијата е таа која продуцира услуги и дава подобар квалитет на живеење и со самото тоа таа заслужува подобро место во општеството. Се работи за едуцирани и способни поединци кои што со своето знаење придонесуваат во функционирањето на бројни системи и од таму поддршката што ја добиваат преку зголемување на платите значи компензација на трудот и поголема мотивираност да се подобри квалитетот на нивната работа“, смета универзитетскиот професор Јован Пејковски.
Дополнително, според најавите на надлежните, платите во јавниот сектор ќе се зголемат за вкупно 21,5%, односно секоја година во октомври вработените во администрацијата да земаат плата покачена за по 5%.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа