Заев ги дрибла своите - не гледајте што потпишав, слушајте што ви зборам!

Според досегашниот интензитет на барањата на СДСМ ништо нема да биде чудно партијата на Заев да побара укинување на ВМРО-ДПМНЕ за да победи на избори кога и да бидат тие, избор на поглавари на МПЦ и на ИВЗ, избор на спасувачи во аквапарк, на претседатели на судови, на месни заедници, на куќни совети... Опозицијата е свесна дека нејзината деструктивна политика не поминува кај граѓаните и токму тоа ја плаши во април да ја побара нивната поддршка, пишува дневниот весник „Вечер“.

Серијата потписи на Заев на договорите од Пржино и Брисел не се никаква гаранција дека на 24 април идната година во Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори, коментираат експертите. Според нив, СДСМ ќе направи се што е во нивна моќ за да побегнат од соочувањето со граѓаните.

- Договорот ништо не гарантира, само можеме да кажеме дека целата земја ја врати назад, од една сериозна страна, додека од друга беше сериозен исчекор напред од кризата која беше наметната и која државата ја врати десетина години назад. Мислам дека тој е многу комплициран, навлегува во толку закони, од Уставот па во закони, во многу пори од општественото живеење и мораме да бидеме сите загрижени дека на крајот на краиштата силата која не сака избори ќе најде, една, две, сто причини да избега од нив - вели Ристо Никовски, политички аналитичар, пренесува „Вечер“.

По потпишувањето на договорот од 15 јули СДСМ преку медиумите кои ги држи под контрола константно испорачува нови барања кои не се дел од договореното. Од директор на МРТВ, преку прв човек на УЈП, претседател во Агенцијата за медиуми, до свој јавен обвинител и шеф на Бирото јавна безбедност. СДСМ поставува барања само за да не бидат прифатени, вели Никовски.

- Ако некој не сака не можете да го натерате со сила. И да го натерате со сила пак ќе избегнува и на крај веројатно ќе избега. Сите тие додатни барања, измислици ако сакате, сите одат во една иста насока, да се направи се да се избегнат изборите наредната година, вели Никовски.

Според него, опозицијата е свесна дека нејзината деструктивна политика не поминува кај граѓаните и токму тоа ја плаши во април да ја побара нивната поддршка.

- Па јасно е дека гласачкото тело не им е наклонето, и последната анкета и од порано е познато дека еден голем дел од народот ја поддржува владејачката партија, бидејќи факт е дека тие многу направија. Грешеа, не е спорно. Непотребни грешки направија. Но, знаете, народот цени на крајот на краиштата и не можете да го излажете. Што и да направите, народот секогаш цени и никогаш не греши - вели Никовски.

Како што претходно објавивме во вчерашната анализа, СДСМ ќе продолжи да испорачува барања. Во таква ситуација, како што веќе објави Вечер, ВМРО-ДПМНЕ треба да испорача свои барања како што е поставување на свој извршен директор и комплетно раководство на фондацијата СОРОС, која претставува партиска институција на СДСМ, објави весникот. 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега