Во Македонија се точат најевтини бензин и дизел во регионот
Во Македонија се точат наевтин бензин и дизел. Земјава сѐ уште е една од земјите во регионот каде по евтини цени може да се купи нафта и нафтени деривати. Овие корекции се дирено поврзани со падот на цената на суровата и бренд нафтата на светските берзи, која е околу 50 долари за барел, што пак на општо задоволство на возачите донесе и пониски цени на горивата што се точат на македонските бензиски пумпи.
Според последните корекции на цените, на бензиските саници во Македонија новата цена на литар бензин 95 изнесува 70,50 денари или 1,14 евра, литар бензин 98 се продава за 72,5 денари односно 1,17 евра и литар дизел се точи за 53 денари што е помалку од евро, односно по 0,86 евра.
„Вечер“ објави дека во земјите од регионот за литар се плаќа дури и половина евро повеќе. Повисоки цени на дизелот ве очекуваат и во Бугарија, каде што треба да одвоите за едно литро 1,19 евра, во Грција 1,32 евра, во Турција 1,36 евра,а во Албанија 1,2 евра. Во Албанија пак литар бензин е нешто поскап и чини 1,3 евра за литар.
Слична е цената на дизелот и во Србија и Хрватска, каде што се точи по цена за литар од 1,22 евра, а во Словенија 1,28 евра. Доколку пак летово одите на пат или на одмор за Црна Гора, тогаш треба да одвоите за литар бензин 1,32 евра,а за дизел 1,19 евра.
Во Австрија дизелот е нешто поевтин и се нуди по цена од 1,17 евра за литар, а во Босна и Херцеговина 1,1 евро. Во Романија дизелот е речиси иста цена како и горивото и чини 1,2 евра за литар. Во поголемиот дел од државите цената на бензиските пумпи може да варира бидејќи пазарот е либерализиран. Според европските закони, држава не го контролира овој пазар, односно за цената се одговорни самите компании кои што се дел од овој бизнис.
Меѓу земјите каде што горивата имаат повисока цена се најде и Италија каде бензинот се продава за 1,7 евра,а дизелот 1,55 евра. Во Белгија ќе ве чини поскапо односно до 1,62 евра за литар бензин и 1,24 за нафта,а Финска тоа од 1,54 до 1,33 евра по литар. На листата каде горивата се скапи се најде и Велика Британија каде и за бензин и за дизел треба да одвоите 1,64 евра за литро.
Според анализата на „Вечер“ на цените на нафтените деривати може да се согледа дека пониски цени на горивата има и во Косово каде литар бензин 95 чини 1,22 евра, литар бензин 98 се точи по 1,23 евра, а литар дизел се продава по 1,20 евра.
Во земјава се продава најевтин бензин, бидејќи имаме најниска акциза, при што кај нас се одвојува 25,4 % од цената на литар бензин, а за дизелот акцизата е помала и изнесува 16,5%. Овие бројки се најниски во регионов и доколку се прикажат во евроценти, тие изнесуваат 0,295 по литар бензин и 0,172 евроценти за литар дизел.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа