Македонија во портокалова фаза - утре најтоплиот ден во годината а потоа дожд и заладување

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а дневната од 34 до 41 степени. УВ = 9

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура околу 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

 

И во четврток под влијание на многу топла воздушна маса дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

Во четврток вечер кон петок ќе има промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер што ќе предизвика пад на температурите за неколку степени. Потоа и во следните денови ќе има услови за локална нестабилност.

Од утре половина Македонија е во портокалова фаза.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега