Владата досега субвенционираше 600 научни трудови - поддршката продолжува

Конкурсот на Министерството за образование и наука за еднократна помош од 30.000 денари за објавени научни трудови во списанија со импакт-фактор за 2014 година се уште е во тек.  Досега преку овој проект на Владата од страна на МОН се субвенционирани околу 600 истражувачи кои објавиле научен труд во такви списанија.

МОН веќе трета година преку субвеници дава поддршка на научно-истражувачката дејност во Македонија и ги стимулирање научните работници.

Заменик министерот за образование Спиро Ристовски денеска одговарајќи на новинарско прашање упати апел до сите научни работници да го искористат овој конкурс кој ќе трае уште неколку дена и да аплицираат за субевенции за објавени научни трудови во списанија со импакт-фактор.

- Сите лица кои што се бават со научно-истражувачка дејност незвисно дали се само од академската заедница може и од останатите, а кои што имаат изработени и објавени трудови за 2014 година, а сеуште ги немаат пријавено во рамки на МОН за добивање на соодветна субвенција, да го искористaт своето право во наредните неколку денови и да аплицираат за оставарување на право на финансиска поддршка односно научна субвениција која што ја доделува МОН однсосно Владата на Р. Македонија, истакна Ристовски.

 Критериум за добивање субвенција е во кои списаниија е објавен трудот. Ристовски додаде дека секој поквалитетен труд, кој ги задоволува критериумите и стандардите, ќе биде подджан од МОН, зашто со тоа директно се стимулира и развојот на научно-истражувачката дејност во државата. 

Во изминатите три години се аплицирало за трудови од различни научни области, но најмногу се субвенционирани тие од природните науки. 

- Генерално, и во рамки на општествените но, на мое засоволство, и кај техничките и природните науки, се голем број трудови. Можам да ги истакнам природните науки како водечки во научно-истражувачките проекти кои се реализираат и трудвите кои се објавуваат во списанија со импакт-фактор, рече Ристовски.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега