Од 1 август се укинува Законот за хонорарците

 

На синоќешната седница на Владата се донесени сет закони со кои од 1 август 2015 година се укинува плаќањето на придонеси за договорите на дело и авторските договори, како и за сличниот тип на договори.

stavreski

-Оваа мерка и измиените во законот кои што беа предвидени се во функција на овозможување на лицата кои што се на договори на дело, авторски договори и други слични типови на договори да може да плаќаат придонеси со тоа да ги имаат решено прашањата на користење на здравствените услуги, исто така со уплатата на придонесите да имаат можност да користат пензија и да им се зголеми нивото на пензијата, објасни денеска министерот за финанси Зоран Ставрески,

Укинувањето на плаќањето на придонесите на хонорарците, додаде тој се прави од причина што со други мерки на Владата на Република Македонија се исцрпеа ефектите кои што беше предвидено да се постигнат.

-Во последниот период де се реализира проектот Македонија вработува , каде што имаме мерка која што овозможува ослободување во период од 1-5 години од плаќањето на придонеси на лица кои што ќе бидат вработени во приватниот сектор. Со тоа практично околу 4000 лица во Република Македонија веќе се имаат стекнато со редовен работен однос и за истите се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, додаде Ставрески.

Другиот закон со кој што реши добар дел од проблемот на лицата кои што порано беа ангажирано на договор на дело и авторски договори е од сегментот на трансформација на на работниот однос во рамките на јавниот сектор. Со тоа лицата кои што долги години биле ангажирани на договори на дело и слични типови на договор работниот однос им се трансформираше во редовен работен однос.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега