Собирал монети цел живот за да завршат кај безобразен крадец - шок за старец од Битола
80 годишниот битолчанец В.Х. остана без златни и сребрени монети вредни 476.000 денари.
Од полицијата велат дека натрапникот вчера провалил во куќата на старецот, ги пребарал собите и си заминал со монетите.
Битолчанецот бил колекционер на монети, па во рацете на крадецот завршиле француски и бугарски наполеони, турски лири, стара сребрена драхма и руски дубли.
Од МВР велат дека активно се трага по крадецот.