Два пожари беснееја во кумановско

Два пожари се случиле во изминитото деноноќие на подрачјето на Куманово, соопштија денеска од РЦУК Куманово.

Кумановските пожарникари успеале да изгасат пожар на опожарена сува трева во село Доброшане. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило го гаселе пожарот вчера од 09:35 до 10:55 часот.

Во попладневните часови од 13:50 до 14:40 часот, кумановските пожарникари интервенирале на пожар на улица „Никшиќка“. Тројцата пожарникари со едно противпожарно возило гаселе запалена сува трева.

Од пожарите причинета е материјална штета.

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега