Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции на 8.711 земјоделец

Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции на 8.711 земјоделци за произведено млеко и за други мерки за поддршка на земјодлеството.

За произведено и продадедено овчо, кравјо и козјо млеко на 8.562 земјоделци, како што соопшти Министерството за финансии, исплатени им се 206 милиони денари.

За поддршка на сточарствтото исплатени се и 3 милиони денари по основ одбележани грла овци и за угинати овци и кози од болеста син јазик.

За домашен лозов калем исплатени се 14 милиони денари финансиска поддршка. Мерката изнесува 25 денари по лозов калем.

Од Министерството за финансии информираат дека се исплатени и 1,4 милиони денари за поддршка на градинарско производство на отворено и под пластеници.

За здружувања за земјоделско производство исплатени се 2,2 милиони денари.

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега