Одбележување на празникот „Света Петка“ во новоизградениот храм во Кавадарци

Верниците од кумановско масовно ја посетија црквата „Света Петка“ во населбата Бедиње во чест на празникот „Света Петка Летна“.

Синоќа во предвечерието на празникот на преподобната маченичка Параскева Римјанка, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше вечерна богослужба.

- Верниците ја празнуваат „Света Петка“ во црквата во Бедиње која е осветена уште од 1926 година и оттогаш се слави поменот на светата Маченичка Параскева. Секоја година се служи божествена литургија, а народот се причествува, изјави денеска свештеникот Антони Стојковски од црквата „Света Петка“.

Преподобната маченичка „Света Петка“ потекнувала од Рим и сиот свој живот го посветила на Бога. За верата и била отсечена главата, а моштите и биле зачувани и пренесни во Цариград.

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега