Нова успешна инвестициска приказна: Ирска компанија го официјализира влезот во Македонија

 

Водечкиот ирски провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар BARRACUDA FX ја избра република Македонија за своја идна инвестициска дестинација.

Преку соопштение објавено на  веб сајтот на компанијата е официјализирана одлуката на компанијата за проширување на своите деловни активности во република Македонија.

Во конкуренција на повеќе првично селектирани земји и како резултат на упорната работа и заложби на владиниот економски тим за реализација на овој проект предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик директорот на Invest Мacednia Климент Шекеровски, Македонија е избрана како најповолна дестинација која совршено се вклопува во идните развојни планови на BARRACUDA FX која набрзо се очекува да отпочне со активности за отворање на центар за истражување и развој во земјава што ќе значи и можност за вработување, обука и доусовршување на домашен кадар од информатичките науки во реномирана компанија.

Sпоред вицепремиерот Пешевски задоволството од успехот да се привлече ваква респектабилна компанија која доаѓа од земја која што е успешен пример за привлекување на странски инвестиции е огромен и е последица на макотрпна работа, низа владини реформски проекти и континуиран ангажман за креирање севкупен поволен деловен амбиент во република Македонија и негување долгорочно партнерство со бизнис заедницата.

-Станува збор за компанија лоцирана во Даблин и која за нас како земја е особено значајно што станува дел од македонското бизнис семејство имајќи во предвид декa соработувa испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а воедно е носител на престижни интернационални награди и признанија за достигнувањата во своето поле на делување. се надевам дека влезот на BARRACUDA FX ќе биде поттик и за други компании од република ирска коишто ќе го следат нивниот пример, а ние остануваме посветени на креирање нови можности и отворање нови перспективи за македонските граѓани, изјави  Климент Шекеровски, заменик директор на Invest Macedonia којшто беше активно вклучен во проектот од самиот почеток кога беше воспоставен иницијалниот контакт со компанијата.

 

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега