Press24 и се извинува на компанијата Адора

Press24 и се извинува на градежната компанија Адора Инженеринг за ненамерното поврзување со информација за поврден работник. Имено, Press24 објави вест дека градежен работник бил повреден при несреќен случај на работното место на зграда во Кисела Вода и истата ја илустрираше со фотографија од сопствената архива на која се наоѓа стамбен објект на Адора. Информираме дека компанијата Адора никако не е поврзана со споменатиот настан, а зградата која е на архивската фотографија се наоѓа во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром. Истовремено се извинуваме поради тоа што без никаква намера создадовме впечаток дека токму Адора е поврзана со несреќниот случај. Истовремено жалиме за евентуалното нарушување на угледот на компанијата. 
Фотографијата е повлечена и заменета со друга фотографија од нашата архива.

Press24

најчитано сега