600 тони росомански праски отпатувале во Русија, Белорусија и Полска

 

Извезени се 600 тони праски оваа сезона од Росоман само преку царинската испостава во Кавадарци, информираше градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.

- Инаку, извезените количини се многу поголеми. Росоманската праска оди на пазарите во Русија, Белорусија, Полска. Очекуваме денеска и утре да започне шпицот во извозната сезона оти стаса за берење сортата „ред хевен”. Општо е задоволството од годишениот род, пласманот и цената која на откупните пунктови достигнува и 30 денари за килограм. Всушност, самиот квалитет ја диктира цената, рече Лазов.

Лани од росоманско како најголем регион на праски во Македонија, само преку царинската испостава во Кавадарци биле извезени околу 5 милиони килограми праски. Вкупниот извоз на праска бил многу поголем.

најчитано сега