Подобрена економската состојба на деловните субјекти - експертите оптимисти и за наредниот период

 

 

Економската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од годинава е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година. Се очекува дека ќе биде поповолна и во наредните две тримесечја, информира Државниот завод за статистика.

Количината на залихите е зголемена во однос на претходното тримесечје, пренесе МИА.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од годинава е намален за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,1 процентен поен е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.

Финансиската состојба во второто тримесечје од годинава, пак, е понеповолна во однос на првото тримесечје, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, додека за бројот на вработените се очекува дека ќе се зголеми.

Продажните цени во второто тримесечје од 2015 година се зголемени во однос на претходното тримесечје, а се очекува и во наредните три месеци да се зголемат.

Како што информира Државниот завод за статистика, најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од годинава имале слабата побарувачка на купувачите со 27,9 проценти, зголемената понуда на пазарот со 14,2 и добивањето на банкарски кредити со 12,8 проценти.

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега