ФОТО: Јахтата на Шеќеринска која плови под грчко знаме чини повеќе од 100.000 долари

Деновиве се појавија слики од луксузниот одмор на Радмила Шекеринска на Јонското Море. Видовме фотографии од луксузната вила и од луксузната јахта, крстена со името на ќерката на Шекеринска. Јавноста бара одговори колку чини ова и на кој начин еден политичар може да стекне ваков луксуз. Направивме истражување за движењето на цените на јахти исти или многу слични како онаа на Шекеринска, пишува Република.

Оваа јахта е од ексклузивниот бренд „регал” која изработува луксузни јахти за богати клиенти по нарачка. Доколку  на Интернет се побара веб-страницата на брендот „регал“, цената на идентична јахта како оваа на која Шекеринска го минува своето време во Грција, не е достапна, туку производителот бара да се јавите во нивната фирма за да се договорат деталите околу нивото на опрема и луксузот што го посакувате.

Во опција се, секако, кожени галантерии, махагони, секаква електрична опрема и сѐ што  може да посакаат богатите клиенти. Повеќе тука.

Ако побарате веќе користена јахта, ќе се запрепастите од цената на една ваква јахта.

На старо, јахта „регал 2700” од 2011 година ќе ве чини повеќе од 60.000 долари, а таква јахта од 2013 вреди повеќе од 100.000 долари, пишува Република.

Некој сериозно ќе мора да одговори на прашањето кој во Македонија има можност да има ваква луксузна јахта и на кој начин се заработени тие пари. Ова луксузирање на Шекеринска вчера предизвика лавина реакции кај подржувачите на опозицијата.

Повеќе фотографии на Република

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега