Почна полагањето државна матура за учениците од стручните училишта од североисточниот регион

Почна полагањето на државната матура за учениците од средните општински училишта и гимназиите во августовската сесија. Во просториите на средното стручно училиште „Перо Наков“ мајчин јазик денеска полагаат учениците од кумановските средни стручни училишта и од училиштето „Исмет Јашари“ од Липково и „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, пренесе МИА.

-Се е подготвено за августовската испитна сесија. Тука се претставници од просветниот инспекторат, од Бирото за развој на образованието, тестатори. Нудиме одлични просторни услови за полагањето на државната матура. Денеска се полага мајчин јазик, утре ќе се полага странски јазик, задутре математика и последниот ден учениците ќе полагаат изборен предмет, изјави директорката на средното стручно училиште „Перо Наков“, Лидија Тасевска.

Резултатите од полгањето на државната матура ќе бидат објавени идната недела.

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега