„Силви бенд“ и Есма ќе добијат 13.500 евра - ова е листата за музички субвенции

 

„Силви бенд“ и Есма Реџепова се изведувачите кои ќе добијат музички субвенции од државата во вториот државен квартален конкурс. Силви и Влатко Плевнеш ќе добијат 9.000 евра за две композиии и видеоспотови за истите, додека Реџепова заработи 4.500 евра. Кралицата на ромската музика веќе неколкупати беше одбрана на конкурсот на Владата со Законот за поддршка на домашна музичка продукција.

Меѓу прифатените композиции се најдоа и Елвир Мекиќ, како композитор и изведувач во две категории, Влатко Илиевски, кој по „Русинка“ ќе пее „Македонка“, како и Ѓоко Танески, Марјан Стојаноски, Бојан Стојков. Меѓу избраните се и Момо Николовски и Миле Кузмановски, кој на претходните конкурси беше во листата на прифатените, како и Марко Маринковиќ – Слаткаристика и Кристијан Габровски, кому пак, сепак, му беа прифатени дел од понудените композиции.

Меѓу одбиените се и Сара Мејс, Елена Петреска, Милица Кузмановска, Биба Додева, Ирена Спасовска и други.

Ова се ЛИСТАТА НА ПРИФАТЕНИ и ЛИСТАТА НА ОДБИЕНИ.

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега