Продолжуваат силните инвестиции на Владата за развој на туризмот

Продолжуваат силните инвестиции на Владата во изградбата на пешачките патеки околу езерата во Република Македонија, со што се подобрува туристичката понуда понуда во овие места и се придонесува за уредување на самите локации.

Премиерот Никола Груевски вчера во Берово присуствуваше на пуштањето во употреба на пешачката патека околу Беровското Езеро, инвестиција вредна 12 милиони денари. При посетата на ново направената пешачка патека околу беровското езеро, премиерот Груевски информираше за досегашната реализација на овој ветен проект и за идните проекти од ваков карактер.

- Од тие причини околу езерото во Берово се изгради пешачка патека, тоа е дел од проектот кој Владата пред неколку години го започна за градба на пешачки патеки околу езерата во Македонија. Така изградивме пешачка патека во Дојран, па потоа пешачка патека во Велес, на Велешкото езеро, еве овде на Беровското езеро, на Крушевсото езеро се изгради пешачка патека. Следна која ја планираме е во Охрид, од центарот на Охрид кон црквата Свети Канео и понатаму од неа до наредната плажа, а исто така и Преспа ни е во план за изградба на пешачки патеки. Тие патеки имаат сериозно влијание на привлекувањето на туристи зошто стануваат едно пријатно место за прошетка и за престој и тие недостасуваа досега, рече Груевски.

Покрај веќе споменатите изградени во рамки на овој проект, туристите ќе може да се рекреираат и на пешачки патеки околу Мавровското езеро и Охридското езеро од страна на општина Дебарца. Станува збор за проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски во соработка со локалните самоуправи.

-За изградба на пешачки патеки околу езерата во нашата земја инвестираме над 3 милиони евра. Говорам за проекти за кои Владата ја согледа нивната потреба и оцени дека со нивна имплементација генерално ќе се зголеми туристичката понуда во земјава, а исто така ќе направат и развој на локалната економија, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски вчера од Берово.  

Новата пешачка патека околу Беровското Езеро, која е изградена со поддршка на Владата, е во должина од 1.680 метри.

 

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега