Капиталните проекти во руралните места помагаат во решавање на проблемите на населението

Владината поддршка за инфраструктурни проекти во населените места , помош за општините и решавање на проблемите на граѓаните.

Со програмата на Владата за рурален развој се обезбедува средства за општините за подобрување на животот во руралните средини преку реализација на конкретни проекти. Досега преку оваа програма се реализираа 166 проекти во висина од 12,3 милиони евра. Дополнително обезбедени се нови 39 милиони евра за 221 проект, кои се или во фаза на реализација или ќе се започнат оваа и следната година.

-Проектите се од различна природа, но се однесуваат само на руралните средини, претежно на помали населени места. Станува збор за патишта помеѓу локален пат, некој поголем пат, патишта внатре во села, различни пристапни патишта, водоводи, канализациски мрежи, паркови, плоштади во помали гратчиња. Така што, се работи за исклучително корисна програма, инвестиција од 39 милиони евра во оваа година и наредната година, значи година и половина до максимум две. На располагање на сите овие општини кои ги добија решенијата, практично речиси сите општини, ние не гледаме тука дали градоначалникот е од оваа партија или од онаа партија, сите градоначалници кои што се подготвени со проекти добија можност да користат средства од страна на Владата за изградба на различни проекти во нивните општини во вредност од 39 милиони евра, истакна премиерот Никола Груевски.

Овие проекти се реализираат во сите општини и градоначалниците се задоволни од поддршката која им е од значење за локалниот развој и подобрување на условите за живот.

-Во текот на вчерашниот ден ни беа дадени времени решенија од Платежната агенција при Министерството за земјоделство за поддршка на руралниот развој на кој имавме аплицирано со 3 проекти од програмата 321, 322, 323. Конкретно за општина Новаци се однесува за патот Гнеотино-Брод кој сакаме да го продолжиме понатаму, тука се одделени средства од 20 милиони денари, во должина од 3 километри и 200 метри. Тој пат етапно го градиме, ланската година добивме исто толку средства. Исто така од мерката 322 имаме добиено асфалтирање на улици во должина од 1 километар, оваа година се одлучивме да ги асфалтираме улиците во мариовскиот дел, бидјќи во општина Новаци имаме асфалтирано голем број улици, сега е на ред мариовскиот дел во селата Старавина и Зовиќ. И мерката 323, тоа е поврзување на патот на манастирот Св. Илија со регионалниот пат 2338, каде што добивме околу 7 милиони денари да го асфалтираме овој пат, бидејќи е многу потребен. Во текот на вчерашниот ден беа доделени многу решенија, сите општини што аплицираа ги добија тие средства и ова е унапредување на руралниот развој. Ние немаме големи буџети, но сега остварена е желбата наша, истакна Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

И градоначалникот на општината Чешиново- Облешево Костадин Личков го дели мислењето, дека без ваквата поддршка на Владата помалите општини не ќе може да реализираат ваков вид на капитални проекти во населените места.

Во изминатиов период општина Чешиново- Облешево интензивно работеше на подготовката на документација за изнаоѓање средства за реализација на проеки со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните на општината. Преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, еден од бенефитите кои ги видовме од добиените проекти е изградба на канализационата мрежа во населеното место Чифлик во вредност од 16 милиони и 272 илјади денари, потоа изградба на две улици во село Теранци во должина од 800 метри со финансиска поддршка од 4 милиони денари. Направивеме и хортикултурно уредување како излетнички места или мини плоштади во сите населени места, со вредност околу еден милион и 250 илјади денари. Во соработка со источниот плански регион, а исто така со поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка се добиени уште 3 проекти, односно урбанистички планови за Облешево, Чифлик и Чешиново, оваа инвестиција изнесува околу 7 милиони и 133 илјади денари. Благодарност до Владата што овозможи руралните места да видат голем бенефит, потенцираше Личков.

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега