Страшна несреќа: Велосипедист го загуби животот на излезот од Струга
Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода која попладнево се случи на магистралниот пат Струга – Ќафасан.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека незгодата се случила во 15 часот и 45 минути на излезот од Струга, пренесува МИА.
- Во незгодата учествувале патничко моторно возило „шевролет спарк“ и велосипедист. Велосипедистот веднаш бил пренесен во струшката Општа болница, каде им подлегнал на поврдите, изјави Димоски, посочувајќи дека идентитетот на лицето се уште не е познат.
Екипа составена од јавен обвинител и полициски службеници вршат увид на местото, а истрагата треба да ги утврди причините за незгодата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа