Гореше автомобил во Скопје
Возило „Хонда“ со скопски регистерски ознаки е опожарено ноќеска во два часот на ул. „1010“ во Скопје.
Според МВР, возилото, сопственост на триесет и двегодишниот скопјанец М.С., е опожарено од засега непознат сторител најверојатно со запалива течност.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ. Увид на местото на настанот изврши СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Оцени ја веста
01.09.2015 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа