МАПАС: Голем интерес за професионалните пензиски шеми
Вкупната вредност на задолжителните пензиски фондови на крајот на минатата година достигна 21 милијарда денари (340 милиони евра), а на доброволните 190 милиони денари (3,1 милион евра, информира денеска на прес-конференција претседателот на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансисрано осигурување (МАПАС) Булент Дервиши.
Во презентација на 7. годишен извештај за состојбите во капиталното финансирано пензиско осигурување на МАПАС за минатата година Дервиши соопшти дека бројот на членови и распределени осигуреници во вториот столб на крајот на 2012. достигнал 323.000, или за 9 проценти повеќе во однос на 2011.
Според Дервиши, минатата година тековно се вршело прибирањето на придонеси и инвестирањето на средствата на задолжителните пензиски фондови. Уплатени се придонеси во износ од околу 4 милијарди денари.
- На крајот на 2012 година, како резултат на работењето на задолжителните пензиски фондови во периодот од претходните три години е остварен просечен пондериран принос од околу 5,81 процент на годишно ниво, наведе Дервиши.
Кај третиот столб, како што рече, има особен интерес за професионалните пензиски шеми. Од вкупниот број членови на третиот столб, кој на крајот на 2012 година изнесува 16.800 членови, 74 проценти се учесници во професионални пензиски шеми, а останатите 26 проценти се индивидуални членови. Остварениот принос од работењето на доброволните пензиски фондови, како резултат на нивното работење за претходните три години, на годишно ниво изнесува од 4,83 проценти до 5,93 проценти.
На почетокот на 2012 година беше донесен Закон со кој детално се регулира начинот на исплата и видовите на пензии и пензиски надоместоци кои се исплаќаат од вториот и од третиот столб. Преку проект со помош на ЕУ МАПАС работи на воведување супервизија заснована на оценка на ризик