Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

 

Цената на суровата нафта на светските берзи денеска со мали промени. Американската лесна нафта на берзата во Њујорк поскапи за 52 центи на 45,20 долари за барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ поскапи за 54 центи на сума од 47,98 длари за едно буре.
Во Македонија малопродажната цена на нафтените деривати ќе се коригира денеска на пладне, а новите цени ќе важат од полноќ. 
Пред две недели кога Регулаторната комисија за енергетика ги формираше актуелните цени, барел нафта (онаа северноморската од типот „брент“ која се увезува во Македонија) чинеше 47.1 долари за барел. 
Во моментов цената на нафтата е за помалку од еден долар по барел поскапа а еден долар чини 2 денари помалку отколку пред две недели. Тоа значи дека може да се очекува мало поскапување на нафтените деривати од околу 1 денар по литар.

Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 62 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 64 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ-от се продава по 49 денари за литар.

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега