ОДЛИЧНА ВЕСТ: Ново покачување на пензиите и социјалната помош

 

Премиерот Никола Груевски денеска најави зголемување на пензиите и социјалната помош од пет отсто и во 2016 година.

- На последната седница Владата одлучи да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта која ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016-та година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5 проценти, одлучивме тие да имаат ново зголемување од нови 5 проценти за наредната година, пишува премиерот Груевски на својот фејсбук профил.

Тој додава дека станува збор за две одлуки кои се однесуваат за добробит на многу семејства и граѓани.

- Со ова остваруваме две големи наши ветувања пред граѓаните, со што уште еднаш покажуваме дека за нас дадениот збор е наша обврска, а нашата програма патоказ низ кој се движиме. Продолжуваме да работиме за доброто на сите граѓани и да помагаме секаде каде што можеме, истакнува премиерот Никола Груевски.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега