Минувачите спречиле кражба во Чаир - интервенирале Алфите
24-годишниот В.А. од Гњилане-Косово си заработи кривична поради „тешка кражба во обид, за што си заработи притвор од осум дена. Според податоците од полицијата, тој на 11.09. годинава во раните утрински часови на подрачјето на Чаир, поточно на улицата „Александар Урдаревски“, се обидел да ограби Тобако. Кривичното дело го извршил така што откако со употреба на тврд погоден предмет насилно ја исекол металната мрежа со која било оградено Тобакото и направил отвор преку кој влегол, а потоа со употреба на штрафцигер ги скршил двата катанци и цилиндерот од средишната брава од вратата и се обидел да влезе внатре. Од страна на случајни минувачи бил забележан и пријавен и за кратко време од страна на полициските службеници од Единицата Алфа бил приведен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа