Колкава била просечната плата во јули?
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 21.861 денар и во однос на јули лани е повисока за 2,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „уметност, забава и рекреација“ за 11 проценти, „други услужни дејности“ за 9,9 проценти и „рударство и вадење камен за 4,6 проценти. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, статистиката евидентира во секторите „уметност, забава и рекреација“ за 10,2 проценти, „трговија на големо и трговија на мало“, „поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 4,2 проценти и „јавна управа и одбрана“ и „задолжително социјално осигурување“ за 4,2 проценти.
Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули годинава изнесувала 32.145 денари. Во тој месец плата не примиле 1,7 проценти од вработените во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа